Македонија
25. May 2017 - 13:06

Голем пожар зафати две бараки во Скопје

Рано утрово во 3 часот и 42 минути во Скопје дежурен од Бригадата за противпожарна заштита пријавил дека на улица Зендел Џемаил биле опожарени две бараки.

Една од бараките што беше зафатена од пожарот е на 49-годишниот Ѓ.В. и истата е целосно изгорена, а втората е сопственост на 28-годишниот Е.А. и таа е делумно оштетена.
 
Повредени лица нема, а од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил навремено изгаснат.
 
Во текот на денешниот ден ќе се врши увид на местото на настанот.