Балкан
13. јуни 2019 - 23:15

Голем пожар во Словенија: Сто пожарникари се борат со огнот во фабрика за изолациски материјали

Голем пожар изби во фабрика за производство на изолациски материјали „Фрагмат“ во словенечката општина Цекиници, кој го гасат стотина пожарникари.

Како што соопштија од љубљанската полиција, на терен е една комплетна противпожарна бригада од тоа место, а им помагаат колегите од Постојна.

Над местото на пожарот се издигнува густ црн чад, а противпожарнаа служба го предупреди локалното население да ги затворат прозорците поради можно испуштање на отровни гасови.