Македонија
4. јуни 2016 - 13:15

Голем пожар во Скопје

На 03.06.2016 година околу 10,30 часот во Скопје, на ул.„Трајко Китанчев“ во куќата сопственост на А.А.(42) од засега непознати причини избувнал пожар најпрвин во помошната просторија, а потоа ја зафатил куќата која што целосно изгорела. При пожарот зафатена била и помошна просторија сопственост на З.А.(54), две помошни простории кои биле целосно изгорени сопственост на С.С.(82) како и кровна конструкција од куќа сопственост на Б.К.(63). Пожарот бил локализиран од страна на пет возила на БППЗ. Повредени лица нема.
 
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.