Македонија
20. October 2017 - 10:38

Голем пожар во Скопје, изгореа две куќи

Три куќи биле зафатени од пожар, од кои две изгореа вчера вечерта на улицата „Вера Радисављевиќ“.

Од полицијата информираат дека пожарот избувнал во куќата на 79 годишниот П.И. во момент кога тој го палел својот шпорет. Дел од собата била зафатена од пожарот, истиот го зафатил кровот и набрзо се проширил кон двете соседни куќи во сопственост на Т.Т. (67) и Б.Т.

Со возило на Итна медицинска помош за Клиниката за Токсикологија бил пренесен Б.Т., но засега нема информации за неговата здравствена состојба.

На терен во гаснењето на пожарот учествувале 8 протиповпожарни возила, а полицијата увид ќе врши во текот на денешниот ден.