Македонија
15. March 2017 - 17:15

Голем пожар во Охрид, гори трската на охридското крајбрежје

Во силен пожар што денеска избувна на брегот на Охридското Езеро изгоре голем дел од трската во крајбрежниот појас на северниот дел на езерото, на потегот меѓу Подмоље и поранешниот автокамп „Андон Дуков“.

Територијалната противпожарна единица од Охрид интервенираше со повеќе противпожарни возила и екипи, но пламенот беше тешко да се локализира, така што уништене голем дел од трската, како и друг вид џбунести растенија и неколку дрвја во крајбрежниот појас.

Причините за избувнувањето на пламенот не се познати, но речиси извесно е дека се работи за човечки фактор.

Трската во Подмоље и претходно беше опожарена во неколку наврати, последен пат кон крајот на минатиот месец.