Македонија
21. May 2022 - 16:35

Голем пожар во магацин за преработка на пластика во поранешна „Комуна“

Наместо изгрејцонце, црн чад ги разбуди утринава скопјани. Во близина на старата фабрика Комуна избувна пожар во магацински простор полн со пластика, а по пријавата во 4 55 минути, веднаш пристигнале девет противпожарни возила. Пожарникарите, 20 на број борејќи се со пламенот, успешно го локализираа пожарот и не дозволија негово проширување. Повредени лица нема, но причинета е материјална штета.

Во кругот на фабриката немало функционална хидрантна мрежа, што претставувало дополнителен проблем за пожарникарите.

Изјава- Звонко Томевски- командир на противпожарна бригада

Во близнина на опожарениот магацин, нема станбени или деловни згради, што не претставуваше поголема опасност за жителите на населбата Ќерамидница, што не е случај пак за неколкуте пожари во старата фабрика Треска, каде на неколку метри има голем број згради, а жителите велат дека живеат во страв и нивните домови се загрозени.

Жителите чии домови се наоѓаат во близина на фабриката Треска, со години се сведоци на пожари и преку отворени писма апелираа до надлежните да се урбанизира овој објект, бидејќи од самото затворање на фабриката овој простор станал небезбедно место за живеење.

За судбината на некогашниот индустриски гигант, надлежните сеуште одлучуваат, бидејќи токму на овој простор се кршат копјата на јавниот и приватниот интерес. Обвинителството за гонење организиран криминал најави предистражна постапка и собирање на целосната документација откако е отворена фабриката и спорните моменти со денационализацијата.