Свет
19. August 2016 - 18:36

Голем пожар во Лондон: Луѓето се заробени во зграда која е во пламен!

Околу 20 противпожарни возила и 88 пожарникари се борат оганот кој изби во станбена зграда на западот на Лондон.

Неколку луѓе се евакуирани, но се стравува дека во зградата има уште станари.

Целиот крај е покриен од густ чад. Противпожарната бригада примила повеќе од 40 повици. Како што се наведува пожарот избил на 5 кат.