Голем пожар во Липково, интервенирано со 50 тони вода
Голем пожар го зафати денеска Липково во подрачјето на селата Слупчане, Белановце и Алашевце. Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) интервенираше со воздухопловна поддршка. Со 20 летови беа исфрлени 50 тони вода со што, како што соопшти вечерва, е спречена катастрофа од поголеми размери.
-Досега повеќепати апелиравме до населението во државава да биде совесно и да избегнува намерно или случајно палење оган, бидејќи не само што е прерано за волку пожари во овој период од годината, туку не е во ред да се уништува животната средина и да се става во ризик животот на населението за лична цел и бенефит на поединци, наведува ДЗС.
Дирекцијата апелира и до сите релевантни копнени служби повеќе да се заложат во гаснење на пожарите, бидејќи тие се примарна сила за справување со нив, а воздухопловите, нагласува, се за поддршка, не како основно средство за гаснење на пожари.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација