Свет
16. September 2020 - 9:08

Голем пожар во близина на пристаништето во Анкона

Во близина на пристаништето на италијанскиот град Анкона синоќа изби пожар, во кој нема повредени луѓе.

Пожарот изби 30 минути по полноќ и зафати неколку магацини.

За гаснење на огнот беа ангаќирани 16 противпожарни екипи.