Македонија
25. March 2019 - 21:19

Голем пожар на влезот на Струга

Голема површина сува трева и трска е зафатена во пожар што попладнево избувна на влезот од Струга на потегот од хотел „Аполонија“ до кружниот тек кај „Еврохотел“.

Пожарот, како што информира заменик командирот на Територијалната противпожарна единица Ристе Талевски, е локализиран и нивните екипи работат на целосно гасење.

– Екипите на ТППЕ Струга се на терен со четири возила и 10 пожарникари. Пожарот го локализиравме и работиме на целосно ликвидирање, изјави Талевски за МИА.

Постоела опасност пламените јазици да се прошират и да зафатат објекти, како и бензиска пумпа, која се наоѓа на овој потег.

– Ова е уште еден доказ дека несовесноста кај граѓаните може да доведе до голема катастрофа, подвлече Талевски.