Македонија
21. April 2017 - 16:16

Голем пожар на Партизанска во Скопје- Нема повредени

30  тина пожарникари помогнати со екипите на Водовод и Канализација учествуваа во гасење на огнената стихија која ги зафати бараките  спроти бензинската пумпа Макпетрол  во скопската населба Карпош.

Со пожарот беа зафатени три напуштени бараки кои се наоѓаат во близина на булеварот Едната од нив е целосно изгорена. Просториите се од Институтот за социолошки и политичко-правно истражување при УКИМ, Скопје. По избувнувањето на пожарот, кога пристигнале прожарникарите и полициските службеници имало застој во сообраќајот на улиците кај бараките. Полицијата ја повикала и пајак-службата за да ги отстрани возилата во околина.

Пожарот кој избувна на пладне и кој на нозе ја доигна целата населба бече локализиран за помалку од два часа, една од бараките е целосна уништена а друготе две се оштетни, Засега нема информации од кои причини избил пожарот.