Македонија
29. August 2016 - 16:32

Голем пожар ги пеплоса атарите на три штипски села

Во голем пожар изгореа атарите на три штипски села, Судик, Горно и Долно Трогерци. Опожарени се огромни површини на дабова и ниско стеблеста шума и пасишта.

Беше доста опасно. Се прошири на околу 5-6 километри. За едно половина час стаса близу стадото–изјави Коле Тодоров, сточар од с. Горно ТрогерциМештаните стравувале дека пламените јазици ќе ги проголтаат нивните стада. Кога виделе дека оганот им се приближува, а добитокот почнал да се вознемитува,  го префрлиле во зелениот појас близу каналот за вода.

Имаше тревога меѓу стоката, рипаа, рикаа...-изјава Тодорв

Кога наближи оганот, стоката ја отерав во зеленото за да не изгори-изјави Делчо Арсов, сопственик на стадата од с. Горно ТрогерциБрзата интервенција на единицата за против пожарна заштита спречила пожарот да се прошири најнапред на стопанските објекти, а потоа и на куќите во селата. 

На лице место се испратени 4 поѓарникари и едно возило, но поради големината на пожарот дополнително се испратени уште 12 поѓарникари и 4 против пожарни возила-изјави Благој Ренџов, командир на ТППЕ-Штип

Пожарот целосно е изгасната во атарите на селата Горно и Долно Трогерци, а сеуште се локализира во атарот на село Судик. Причина за пожарот е човечки фактор, односно палење на стрништа. Од против пожарната единица велат дека годинава бројот на запалени стрништа е рапидно зголемен и секојдневни имат по 5-6 интервенции на нивно гаснење.