Голем пад на цената на нафтата
Намалувањето на цената на суровата нафта на светските берзи влева надеж дека при следната корекција на цените, Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи за понзачително поевтинување на нафтените деривати во малопродажба во Македонија.
Нафтата од типот „брент“ на берзата во Лондон денеска се продава за најниска цена од почетокто на оваа година. Имено, во моментов, барел нафта чини околу 64,3 долари, што е за над 5 долари помалку по барел во споредба со 69,6 колку што Регулаторна пресмета дека била просечната цена во изминатите 2 недели.
Трендот на намалување почна со крајот на минатата недела, кога во само еден ден, барелот поевтини за скоро 3 долари.
Регулаторната комисија последната корекција ја направи во понеделникот, што значи дека до следната корекција имаме уште 10 дена, период во кој доколку продолжи трендот на намалување на цените, извесно е дека литар гориво ќе поевтини за повеќе од 3 денари.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација