Македонија
1. July 2016 - 10:29

Голем интересот за земјоделски субвенции во Кочанско

Вкупно 3.040 земјоделци од Кочанско поднеле барања за субвенции до 30 јуни, информира Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- Според поднесените барања, најголем дел се за одгледување житни култури, подигање овошни и лозови насади, како и за сточарство, изјави раководителот на Подрачната единица Јордан Димитров.
 
Според него, интерес има и за субвенции во млекопроизводството. До 20 јуни аплицирале 654 млекопроизводители.
 
- Владините мерки во земјоделството придонесоа голем број млади да останат земјоделци, одбезбедувајки егзистенција за себе и за своите семејства, истакна Димитров.