Бизнис
19. July 2016 - 19:38

Голем интерес за владиниот прокет Македонија вработува 2

20 илјади вработувања ќе реализира проектот Македонија вработува 2. Ова се проценките на надлежните од Агенцијата за вработување. По неполн месец од стартот на проектот, тој веќе ги дава првичните резултати.

Поволностите кои ги нуди проектот, надлежните ги претставуваат пред граѓаните и компаниите. Караванот Македонија вработува 2 синоќа беше во Велес. Тука, изминатата година преку овој проект се отворени 400 работни места.  

Проектот Македонија вработува се спроведува веќе една година. Од АВРМ велат дека преку него се отворени 19 илјади работни места во над 10 илјади компании.