Македонија
15. May 2021 - 19:38

Голем интерес за вакцинација во Охрид

Околу 10 илјади лица вакцинирани во регионалниот пункт во Охрид. Интересот е голем велат здравствените работници дневно има по 1.500 граѓани кои се закажани преку веб страната vakcinacija.mk доаѓаат да се имунизираат. Вакцинацијата се одвива според возрасната граница непречено согласно протоколите.

Директорот на општата болница Балески вели дека до овој момент нема граѓани со несакани ефекти, а најчестите прашања кои ги поставувале се колку долго ќе трае имунитетот од вакцината  и дали смее да се пие алкохол. 

При крајот на месецов ќе започне и ревакцинација на лицата, па предвидено е да има дополнителен протокол зголемен број на кабини и посебен влез се со цел да не се создаваат гужви.

Моментално во ковид центарот во Охрид има 40 пациенти доколку продолжи намалувањето на хоспитализации, општата болница од понеделник нормално ќе функционира, а позитивните ќе се примаат само во модуларната болница.