Македонија
10. March 2021 - 12:33

Голем интерес за реонски попишувачи во Штип

За 129 попишувачи и 13 реонски инструктори за општините Штип и Карбинци, се пријавиле 266 кандидати или двојно повеќе од потребното. Тестирањето, односно селекцијата на пријавените кандидати ќе се спроведе на 11 и 12 март, од 10:00, 12:00 и 14:00 часот во салата на гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. 

-Сите кандидати што се пријавени на јавниот конкурс, задолжително да носат маска КМ 95. Без таква маска нема да им биде дозволено да се тестираат на тестот за пријавени попишувачи. На влзеот на фискултурната сала на сите кандидати ќе им биде измерена температура и доколку, согласно протоколите, температурата е повисока од 37,2 степени, нема да им биде дозволено тестирање - изјави Соња Китанова, Претседател на пописен реон 16.

Доколку некој од пријавените кандидати во семеjството има болен или сомнителен на Ковид-19, не треба да доаѓа на тестирање. Согласно упатството на Државниот завод за статистика, 10 % од пријавените ќе бидат ставени во резерва, во случај некој од примените да се откаже или пак заболи од корона вирусот.