Голем интерес за парите од третиот столб од владиниот план за економски раст | Сител Телевизија
Бизнис
15. May 2018 - 19:43

Голем интерес за парите од третиот столб од владиниот план за економски раст

Над 250 микро, мали и средни претпријатија, меѓу кои и текстилни компании, досега пројавиле интерес за аплицирање за средства од Фондот за иновации и технолошки развој, во рамки на третиот столб од планот на Владата за економски раст и развој. На располагање на фирмите се вкупно 185 милиони денари, наменети за ко-финансирање на предлог проекти кои содржат иновативни компоненти и осовременување на производствениот процес.

- За првиот инструмент, кој што е наменет за микро и мали претпријатија ко-финансирањето е во износ од 30 % и максимален износ по предлог проект до 10 милиони денари-изјави Митрјана Георгиевска , Фонд за Иновации и технолошки развој.  

Вториот инструмент е наменет за микро претпријатија, за предлог проекти до 5 милиони денари и ко-финасирање до 30 %.

- Кај третиот инструмент од страна на Фондот ко-финансирањето е максимално до 70 % за предлог проект до 20 милиони денари-додаде Георгиевска.Со средства во висина до 1 милион денари ќе се поддржат проектите за обука и стручно усовршување на млади лица.