Бизнис
27. April 2016 - 19:52

Голем интерес кај лицата со попреченост за основање сопствен бизнис, државата обезбедува силна финансиска поддршка

Во Тетово се бележи голем интерес за основање фирма на лица со попреченост. 15-тина заинтересирани добиваат по 270 илајди денари за носителот на бизнисот и дополнителни 92 илајди денари за ново вработување како и други погодности.

-За оваа година имаме обезбедено 50 милиони денари за фионасиска подршка на 100 нови бизниси односно за финасиска подршка на 100 лица со инвалидност да се самовработат и да отворат плус дополнителни 200 работни места

Тие може да аплицираат и за дополнителни средства од 100 илјади денари за адаптација на нивното работно место, а можни се и други придобивки.

-По истекот на девет месеци откако ќе ја формираат фирмата и имаат редовно исплатено плата и имаат успешна прикаска, успешен бизнис ќе добијат можност за неповратни 20 просечни плати, а доколку се во количка или пак се над 90 отсто слепи тогаш ќе добијат можност за 40 просечни

За 100-те нови бизнис се обебедни вкупно помош од 50 милиони денари.