Голем хорор по ужасна шега: Мајка со децата заминала во смрт, откако сопругот лажирал дека е мртов
Како што пренесуваат кинеските медиуми, на полицијата ѝ се предал маж чија што сопруга ги убила нивните две деца и самата си го одзела животот, откако тој лажирал дека е мртов со цел да добие пари од осигурителна компанија.
34-годишниот Кинез бил прогласен за мртов откако неговиот автомобил бил пронајден во река, иако неговото тело не било пронајдено. Тој за својот план да ја лажира својата смрт и така да ја измами осигурителната компанија за неговото семејство да добие пари не ѝ кажал ниту на неговата сопруга.
Поради тоа, таа од тага, напишала проштално писмо и заедно со своите две деца скокнала во езеро.
После трагедијата, мажот со презиме Хе се пријавил во полиција во округот Синхуа во провинцијата Хунан. Тој е задржан во притвор под обвинение за измама на осигурителната компанија и предизвикување на штета.
На почетокот на септември тој договорил полиса на осигурување вредна милион јуани (околу 145 илјади долари), а за тоа не знаела неговата жена. Според соопштението на државното радио „Гласот на Кина“, неговата сопруга била именувана за корисник на парите после неговата смрт кој што тој, користејќи изнајмен автомобил ја лажирал на 19-ти септември. Подоцна било откриено и дека имал долгови од околу 100 јуани.
Телото на неговата 31-годишна сопруга и двете деца, четиригодишниот син и едногодишната ќерка било откриено на 11-ти октомври во езеро во близина на нивниот дом. Во прошталното писмо младата жена рекла дека сака „да му се придружи на сопругот“ и сака нивното семејство „повторно да биде заедно“.
Откако биле пронајдени нивните тела, веќе следниот ден Хе се пријавил во полиција.
Инаку, кинеските медиуми откриваат дека истиот човек претходно на интернет имал објавено видео на кое што плаче и објаснува дека позјамил пари за да обезбеди лекување на својата тригодишна ќерка која што боледува од епилепсија. Тоа видео набрзо станало вирално и отворило дебата околу тоа под какви финансиски притисоци живеат семејствата во Кина.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок