Македонија
18. December 2016 - 16:34

Голем буџет за инфраструктурни проекти во Штип

210 милиони денари или 3, 4 милиони евра тежи проектираната Програма на ЈП „Исар“ од Штип за следната 2017-та година.

Најголеми инвестиции се планирани во делот на водоводната и канализациона  мрежа, за што се издвоени 140 милиони денари или 67 % од средствата на Програмата.

-Една од позначајните активности кое ЈП Исар планира да ја преземе во 2017 година е изградба на водоснабдителен систем за водоснабдување на  приградските населби Брегалничка, Македонка, Балканска и Чардаклија-  изјави Јасминка Петешева, ЈП „Исар“- Штип.

Планирано е и набавка на машина за отпушување на канализационата мрежа – „Канал Џет“, а во комунална хигиена, возила за собирање на смет и нови канти за домаќинствата и населбите. Ќе се инвестира и во зголемување на сместувачкиот капацитет и реконструкција на кровот на бања „Кежовица“.

-Оваа активност е околу 6,5 милиони денари- додаде Петешева.

На градскиот пазар ќе се изградат соби за преноќување на пазарџиите,  на стариот пазар ќе бидат поставени дрвени монтажни куќички, а ќе се продолжи и со уредувањето на речните корита на Отиња и Брегалница.