Балкан
26. February 2016 - 9:05

Голем број сириски бегалци чекаат да влезат во Албанија

Голем број сириски бегалци чекаат да преминат во Албанија, изјави денеска албанскиот министер за интеграција Клајда Ѓоша. 

Министерот додаде дека собирањето бегалци на албанско-грачката граница најверојатно е резултат на одлуката на Македонија од минатиот викенд да го стопира примањето на авганистански мигранти од Грција, како и да воведе построга контрола за Сиријците и Ирачаните. 

Ѓоша не наведе прецизно за колкав број мигранти станува збор.