Свет
18. April 2017 - 14:22

Голем број на напади врз бегалци во Германија

Минатата година во Германија се случиле речиси 1.000 напади врз сместувалишта за бегалци, објави денеска федералната Криминалистичка полиција, според која оваа бројка е само за триесетина инциденти помала од 2015 година, кога најчесто екстремно десничарски и неонацистички активисти извршиле 1.031 напад врз бегалски кампови. 

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според германскиот министер за правда Хако Мас бројот на инциденти е засрамувачки, иако нападите врз бегалци постепено се намалувал како што привршувала годината.

Во Германија во 2015 и 2016 година пристигнаа над 1,3 милиони бегалци. од кои најголем дел се муслимани од Сирија, Ирак и Авганистан.