Голем број џихадистите заедно со мигрантите пристигнуваат во Европа
Криумчарите на луѓе во последните два месеца се се поактивни на брегот на Либија и при тоа не ги транспортираат само тие кои бегаат од војната туку и оние кои ја предизвикаа војната, припадниците на Исламска држава.
Си-Ен-Ен јави дека џихадистите кои сакаат со бродови да стигнат до Труција, до Грција или до Италија подготвени се добро да платат односно за група од 25 луѓе плаќаат 40.000 долари.
Неименуван американски претставник за Си-Ен-Ен изјави дека само прашање на време е која ИД ќе уфрли свои борци меѓу мигрантите кои со бродови пристигнуваат од Либија во Европа.
- САД и Европа мора да реагираат заедно и тоа брзо. Состојбата е алармантна, бидејќи не станува збор за еден или двајца кои се обидуваат да се уфрлат меѓу мигрантите, туку тоа се цели групи, истакна неименуваниот извор.
Либиецот Абу Валид за Си-Ен-Ен изјави дека не само од Либија туку и од Тунис џихадистите со бродови се обидуваат илегално да стигнат до Европа.
Претставникот на либиската разузнавачка служба Исмаил Шукури изјави дека џихадистите најчесто патуваат со семејствата, без оружје, како мигранти.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка