Фудбал
1. October 2017 - 16:37

Голеада во меч без победник

Луд натпревар со осум голови одиграа на „Аноета“ во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Бетис, во рамките на седмото коло во Ла Лига. На крајот двата тима освоија по еден бод.
 
Следниот противник на Вардар во Лига Европа, Реал Сосиедад и Бетис, одиграа спектакуларен меч, кој на крајот заврши со резултат 4:4.
 
Парагваецот Санабрија кој го сруши Реал во Мадрид ја отвори серијата на голови во шестата минута. Потоа Сосеидад направи пресврт преку Вилијам Хосе во 13 и Микел Ојерсабал во 26.минута.
 
На двата гола на домаќинот Бетис врати со иста мерка, за но пресврт. Најпрвин Зухур Федал израмни во 28, а потоа ветеранот Хоаким погоди за 2:3 во 46.минута.
 
Ново израмнување на мечот донесе капитенот на Сосиедад Чави Пријето во 57.минута.
 
Резултатот 3:3 беше активен се до 84.минута, кога Серхио Леон реализираше една брз контра на Бетис. Конечните 4:4 ги постави дефанзивецот Дијего Љоренте две минути подоцна.
https://