Loading Video...
Кошарка
11. February 2019 - 16:18

Голден Стејт со многу мака до победа над Мајами

 
Синоќешна програма во НБА лигата понуди пет натпревари. 
 
Шампионот Голден Стејт се изнамачи да забележи победа во дуелот против Мајами во кој гостите имаа и 19 поени предност. Сепак, „Воините“ предводени од Кевин Дурант кој средбата ја заврши со 39 поени стигнаа до победа со 120-118.
 
Голема неизвесност имаше и на натпреварот во Далас каде домашните кошаркари забележаа победа над Портланд со 102-101. Иако гостинскиот играч Демјан Лилард со 30 поени беше најефикасен на мечот, сепак не успеа да го погоди шутотза победа на две секунди пред крајот. Кај победничката екипа нова брилијантна партија имаше Лука Дончиќ кој покрај 29-те поени имаше и девет скокови и шест асистенции. 
 
На останатите средби. Филаделфија славеше убедлива победа над ЛА Лејкерс 143-120, а предноста на домашниот терен ја искористи и Сакраменто кој го совлада Феникс со 117-104. 
 
Честа на гостите синоќа ја спасуваше Орландо кој кај Атланта победи со 124-108.