Loading Video...
Кошарка
27. May 2018 - 10:04

Голден Стејт се избори за мајсторка против Хјустон

Актуелниот шампион, тимот на Голден Стејт се избори за решавачки седми натпревар против Хјустон во финалето на Западната конференција од НБА плејофот. 
 
„Воините“ забележаа убедлива победа од 115-86, иако во еден миг губеа и со 17 поени разлика. 
 
Хјустон на овој меч настапи без повредениот Крис Пол, што се покажа како еден од клучните фактори за овој пораз, но и фактот дека противникот средбата ја заврши со дури 16 реализирани тројки, од кои девет постигна Клеј Томсон.
 
Томпсон беше и најефикасен во победничката екипа со 35 поени, Стеф Кари постигна 29, а  Кевин Дурант 23. 
 
На спротивната страна Џејмс Харден имаше ефект од 32 поени, 9 асистенции и 7 скока. 
 
Решавачкиот дуел, односно „мајсторката“ ќе се игра на теренот на Голден Стејт во вторник наутро во 3 часот. 
 
Ноќеска пак, во 2 часот и 30 миути по полноќ Бостон и Кливлент ќе го одиграат седмиот меч, по кој ќе биде познати и првиот тим кој ќе обезбеди пласман во големото финале.