Loading Video...
Кошарка
9. јуни 2018 - 14:43

Голден Стејт повторно шампион, Дурант „МВП“ на финалето

 
 
Тимот на Голден Стејт ја одбрани шампионската титула во НБА лигата. 
 
Голден Стрејт славеше триумф на гостувањето кај Кливленд со 108:85, со кој 
„Воините“ со максимални 4-0 во победи ја добија финалната серија против Кливленд. 
 
Стеф Кари со 37 поени го предводеше старо-новиот шампион, за кој Кевин Дурант оствари трипл-дабл учинок со 20 поени, 12 скокови и 10 асистенции со што заслужено втор ат во низа го понесе признание МВП (најкорисен играч) во финалето. 
 
За Голден Стејт ова е шести шампионски трофеј во НБА лигата.