Loading Video...
Кошарка
15. May 2019 - 14:30

Голден Стејт поведе со 1:0 против Портланд во западното финале

 
 
 
Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт го доби првиот меч против Портланд во финалето на Западната конференција. 
 
„Воините“ ја искористија предноста на домашниот терен и славеа победа над Портланд убедливо со 116-94 .
 
Во отсуство на повредениот Кевин Дурант, прв стрелец во победничката екипа беше Стеф Кари кој средбата ја заврши со 36 поени, 7 асистенции и 6 скокови, притоа реализирајќи 9 од 15-те обиди за тројка. 
 
Клај Томсон пак постигна 26 поени, додека кај гостите прв стрелец беше Демјан Лилард со 19 поени. 
 
И следниот натпревар во серијата подобар до четири победи се игра во Сан Франциско, додека вечерва својот прв меч од финалето на истокот ќе го одиграат Милвоки и Торонто.