Loading Video...
Кошарка
3. November 2018 - 14:31

Голден Стејт ја спаси честа на домаќините

На осумте синоќешни натпревари одиграни во НБА лигата единствено актуелниот шампион Голден Стејт ги израдува своите симпатизери. „Воините“забележаа убедлива победа пред својата публика против  Минесота со 116-99. 
 
Кевин Дурант оствари дабл-дабл учинок со 33 поени и 13 скокови,, додека Стеф Кари покрај 28-те поени имаше и 9 асистенции. На Драмон Грин кои имаше фантастични 11 асистенции ми недостасуваа по еден поени и скок за да има трипл-дабл. 
 
На останатите натпревари се радуваа гостинските тимови. 
 
Нов, брилијантен настап имаше и Расел Вестбрук, кој во убедливата победа на Оклахома со 134-111 над Вашингтон, партиципираше со 23 поени и 12 асистенции. 
 
Голема поддршка имаше и од Гранд со 22 поени, односно Пол Џоррџ кој уфрли 17, а двоцифрено броеја и Шредер со 16 Адамс со 15 поени. 
 
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: 
Орландо – Лос Анџелес Клиперс 95-120
Бруклин – Хјустон 111-119
Чикаго – Индијана 105-107
Далас – Њујорк 106-118
Јута – Мемфис 100-110
Феникс – Торонто 98-107