Loading Video...
Кошарка
20. April 2018 - 9:25

Голден Стејт и Њу Орлеанс на победа од конференциското полуфинале

Екипите на Голден Стејт и Њу Орлеанс се на една победа од пласман во следната рунда на НБА плејофот, односно конференциското полуфинале. 
 
Шампионот Голден Стејт до третата победа против Сан Антонио стигна со со победата од 110-97 на гостински терен
 
„Воините“ ги предводеа Кевин Дурант со 26 поени и 9 скока и Клеј Томпсон со 19, додека кај „Спарси“, ЛаМаркус Олдриџ оствари дабл-дабл со 18 поени и 10 скока.
 
Њу Орлеанс до водство од 3-0 во победи во дуелот со Портланд стигна со победата од 119-102 во која Никола Миротиќ постигна 30 поени, дополнети и со 8 скока, а Ентони Дејвис имаше дабл-дабл со 28 поени и 11 скока. 
 
Во Источната конференција, Филаделфија поведе со 2-1 во дуелите со Мајами откако синоќа „76-ките“ славеа на гости во со 128-108. Во победничкиот тим Џоел Ембид постигна 23 поени, а Дарио Шариќ и Марко Белинели по два помалку (21).