Loading Video...
Кошарка
14. March 2019 - 14:11

Голден Стејт го доби дербито против Хјустон

Шампионот Голден Стејт совладувајќи го Хјустон на гостински терен со 106-104, ја прекина низата од девет победи на „Рекетите“. 
 
Клеј Томсон со 30 поени, заедно со Демакус Казнс кој постигна 27 и Стеф Кари кој придодаде 24 беа најзаслужни за овој триумф на „Воините“ кои на овој меч настапија без повредениот Кевин Дурант. 
 
Кај Хјустон, вообичаено најефикасни беа Џејмс Харден и Крис Пол кои средбата ја завршија со 29 односно 24 постигнати поени. 
 
Од останатите дуели ја издвојуваме новата брилијантна партија на расел Вестбрук кој во победата на Оклахома над Бруклин со 108-96 оствари „трипл-дабл„ со 31 поен, 12 скокови и 11 асистенции.