Loading Video...
Кошарка
27. January 2019 - 15:11

Голден Стејт го доби дербито против Бостон

Шампионот Голден Стејт го доби дерби дуелот против Бостон, во синоќешната програма на НБА лигата која понуди пет натпревари. 
 
„Воините“  славеа триумф на гостински терен кај „Селтикси“ со 115-114. 
 
Кевин Дурант со 33 поени и 9 скокови, заедно со Стеф Кари кој мечот го заврши со 24 поени, беа најзаслужни за победата на шампионот, додека кај домаќините „дабл-дабл“ остварување имаа Кајри Ирвинг со 32 поени и 10 асистенции и Ал Хорфорд кој средбата ја заврши со 22 поени и 13 скокови.
 
На останатите средби. 
 
Србинот, Никола Јокиќ со „трипл-дабл“ со 32 поени, 18 скока и 10 асистенции го предводеше Мемфис до триумф над Индијата со 106-103. 
 
Победи пред својата публика остварија и Денвер над Филаделфија со 126-110 и Портланд во дуелот со Атланта со 120-111.
 
Сан Антонио пак како гостин го совлада Њу Орлеанс со 126-114.