Кошарка
2. March 2017 - 16:36

Голден Стејт еден месец без Дјурант

Екипата на Голден Стејт еден месец ќе биде без засилувањето Кевин Дјурант, кој се повреди на последниот натпревар одигран во вторникот против Вашингтон. Тоа значи дека играчот ќе биде подготвен за плеј офот.
Тој повредата на левото колено ја заработи на самиот почеток на дуелот со Вашингтон, кога Заза Пачулија падна директно на неговата нога.
Голден Стејт е најдобриот тим досега во регуларниот дел од лигата со скор 50-10 (победи-порази), а зад нив е Сан Антонио со 46-13 и двете екипи од Западната конференција, додека првакот Килвленд е водечка екипа во Источната конференција со биланс 41-18.