Loading Video...
Кошарка
19. May 2019 - 15:31

Голден Стеј на победа од големото НБА финале

 
Актуелниот НБА првак, Голден Стејт е на само една победа од пласман во големото финале. 
 
„Воините“ ноќеска го добија Портланд во третиот меѓусебен дуел од финалето на Западната конференција и поведоа со 3:0 во победи .
 
Иако Портланд играше одлично во првиот дел во кој имаше и 18 поени предност, сепак во второто полувреме гостите успеаја да направат комплетен резултатски пресврт и н а крајот да го добијат мечот со 110:99 .
 
 
Стеф Кари со 36 поени и овој пат беше лидер „Вориорси“ за кои одлична партија имаше и Драмон Грин кој мечот го заврши со трипл-дабл, со 20 поени, 12 асистенции и 13 скока. 
 
И следниот меч во серијата подобар до четири победи ќе се игра во Портланд веќе вторник наутро (во 3 часот). 
 
Вечерва (1 часот по полноќ) својот трет дуел од финалето на Истокот ќе го одиграат Торонто и Милвоки во кој гостите ќе влезат со предност од 2:0 во победи.