Loading Video...
Фудбал
16. јуни 2019 - 15:46

Голд: Куп: Убедливи победи на Мексико и Канада

Репрезентациите на Мексико и Канада забележаа убедливи победи во првите дуели од 15-тото издание на Голд купот, односно фудбалскиот шампионат на Северна и Централна Америка. 
 
Мексиканците дури со 7:0 ја совлада селекцијата на Куба во меч во кој џет-три оствари Уриел Антуна, додека Раул Хименез постигна два, а во листата на стрелци се запишаа и Диего Рејес и Ернесто Вега Рохас. 
 
Ова беше дуел од А групата во која и Канаѓаните беа убедливи против Мартиник селекција која ја совладаа со 4:0. Два гола на овој меч постигна фудбалерот на белгиски Гент, Џонатан Давид, а во листата на стрелци се запишаа и Хојлет и Арфилд. 
 
Во второто коло закажано за 20 јуни ќе се игра и дербито меѓу Мексико и канада, кои заедно со селекцијата на САД се трите земји кои досега се радувале на трофејот во Голд купот. 
 
Ноќеска на програмата се натпреварите од 1.коло во групата Б, а двојките се, Хаити - Бермуда и Костарика - Никарагва.