Loading Video...
Фудбал
1. July 2019 - 10:49

Голд Куп: САД и Јамајка го комплетираа вториот полуфинален пар

Репрезентциите на САД и Јамајка ја сочинуваат втората полуфинална двојка на „Голд Купот“ односно фудбалското првенство на Северна и централна Америка. 

 
Ко-домаќинот на шампионатот репрезентацијата на САД во четвртфиналето беше подобра од најголемото изненадување на турнирот селекцијата на Курасао, која ја победи минимално со 1:0. Голот вреден полуфинале за Американците го постигна Вестон Мекини уште во 25-тата минута. 
 
 
И нивниот противник за влез во финалето, репрезентацијата на јамајка забележа победа со 1:0 во четвртфиналето против Панама. 
 
Единствениот гол на мечот го постигна Дарен Матокс од пенал на петнаесет минути пред крајот.
 
Така за влез во големото финале, најнапред во среда ќе играат Мексико и Хаити, а ден подоцна ќе се сретнат САД и Јамајка. 
 
Финалниот меч на „Голд Купот“ ќе се игра во Хјустон на 8 јули.