Loading Video...
Фудбал
26. јуни 2019 - 16:18

Голд Куп: Познати сите четвртфиналисти

На фудбалскиот шампионат на Северна и Централна Америка познати се сите осум селекции кои ќе играат во четвртфиналето. 
 
Откако репрезентациите на Јамајка и Курасао синоќа во меѓусебниот дуел од последното 3.коло на Ц групата, одиграа без победник 1-1, двете селекции го осигураа својот настап во четвртфиналната рунда на популарниот „Голд Куп“. 
 
Иако треба да се одиграат уште дуелите од последната рунда во Д групата сепак, таму е јасно дека Канада и Панама ќе бидат меѓу осумте најдобри, а нивниот меѓусебен дуел само ќе решава која селекција ќе го освои првото, а која второто место во групата, 
 
Во зависност од исходот на овој меч ќе се знаат и преостанатите два четвртфинални парови, бидејќи во првите две средби ќе играат Мексико и Костарика, односно Канада и Хаити.