Loading Video...
Фудбал
4. July 2019 - 15:37

Голд Куп: Американците се пласираа во финалето

Бранителот на трофејот во „Голд Купот“ односно фудбалскиот шампионат на Северна и Централна Америка, селекцијата на САД е вториот финалист на ова натпреварување. 
 
Американците во полуфиналето одиграно во Нешвил, ја победија репрезентацијата на Јамајка со 3:1. 
 
Два од трите голови за Американците ги постигна Кристијан Пулишиќ (52 и 87.минута), откако уште во 9-татат минута Вестон Мекини беше стрелеца на водечкиот погодок. Почесниот гол за Јамајка го постигна Шамар Николсон во 69.минута. 
 
Така во финалето кое ќе се игра на стадионот „Солџер Филд“ во Чикаго во понеделник наутро во 3 часот, за пехарот ќе се борат најтрофејните селекции во ова натпреварување САД и Мексико. Американците ќе атакуваат на седмата, а Мексиканците на осмата титула првак на Северна и Централна Америка,