Балкан
28. February 2016 - 9:26

Гол старец прошета низ град, минувачите повикаа Итна помош

Еден 79-годишен старец вчера околу 18 часот ги вознемири жителите на Ниш откако на улицата Генерал Божа Јанковиќ, се соблече гол и така шетал.

Според очевидци, голиот Нишлија се тетеравел по улица, а потоа почнал да ја соблекува облеката пред мештаните кои се згрозиле од овој чин на својот сограѓанин.

-Веднаш ни беше јасно дека нешто не е во ред, се загриживме за децата и ја повикавме итната помош, вели сведок на овој несекојдневен настан.

Меѓутоа, екипата на Итната помош побарала асистенција од полицијата зошто старецот бил агресивен. Со нивна помош голиот маж е префрлен во Клиничкиот центар во Ниш каде е утврдено дека се работи за дементно лице.

Во нишката Итна помош потврдуваат дека нивната екипа интервенирала:

– Човекот падна и се здоби со повреди на главата по што е префрлен на Клиниката за неврохирургија. Повредите се оценети како лесни, но со оглед на тоа дека се работи за глава, упатен на детална дијагностика во оваа здравствена установа.