Фудбал
3. April 2018 - 9:40

Гол на Несторовски пораз на Палермо

Фудбалерите на Палермо загубија многу важен меч во битката за враќање во Серија А. Поразени се на гостувањето во Парма со 3-2 во меч во кој домаќинот имаше убедливо водство од 3-0.  Во тимот на Сицилија настапи Илија Несторовски кој успеа да се запише во листата на стрелците но се што успеа да направи Палермо е да избори чесен пораз со погодокот на Рајковиќ во 93м.

Несторовски го постигна својот 14. гол оваа сезона за Палермо, меѓутоа тоа беше само за намалување на 3:1.

По 33. кола во италијанската втора лига, Палермо се трети со 57 поени, еден помалку од второпласираниот Фросиноне и четири пред Парма. Два тима директно влегуваат во италијанската елита. Зад Палермо е Парма со 4 бода помалку.