Фудбал
15. April 2019 - 11:35

Гол на Несторовски и победа за Палермо

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски продолжува со ефикасните игри во италијанската Серија Б. Напаѓачот го постигна првиот гол за Палермо да стигне до 2:1 победа на гостувањето кај директниот ривал за влез во Серија А, Беневенто, уште еднаш покажувајќи колку значи за клубот од Сицилија.

Несторовски во 41. минута од мечот доби одлична топка од босанскохерцеговскиот интернационалец Мато Јајало и без мака го совлада голманот на домаќините. Ова е 12. гол на македонскиот капитен на Палермо во Серија Б оваа сезона. Романецот Георге Пушкаш во 82. минута го зголеми водство, пред домаќините во 90-тата минута да намалат преку младиот Шпанец Раул Асенсио.

Со трите поени, Палермо останува на третото место во Серија Б со 56 поени, и заостанува само еден поен зад првите два тима на Бреша и Лече, оставајќи го Беневенто на четвртото место со 50 поени.

Ново на Сител