Loading Video...
Фудбал
28. јуни 2020 - 16:00

Гол на Барди во победата на Леванте од 4-2 над Бетис

Македонскиот репрезентативец Енес Барди беше стрелец на вториот гол за Леванте во победата над Бетис со 4-2. 
 
На дуелот во Валенсија, домаќините поведоа со голот на Мајорал во 21.минута, а веќе во 35.беше 2:0. 
 
Токму Барди со одличен индивидуален потег успеа да го совлада противничкиот голман и да до постигне својот трет гол сезонава во Ла Лига. 
 
Во продолжение на натпреварот, Моралес и Роха погодија за Леванте, додека гостите од Севиља го ублажија поразот на 4-2 со головите на Канаљес  и Хуанми.