Живот
23. September 2018 - 9:55

Гол маж со нозе газеше жена на улица во Париз: Случајот ги запали социјалните мрежи, напаѓачот веројатно е мигрант

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа црн гол маж како напаѓа жена во Париз.

Според описот на корисникот, видеото е снимено од едно кафуле и на него прво се гледа мажот кој пресретнува жена среде бел ден и нешто и зборува.

Како што таа се обидува да го избегне, тој прво и удира два шамари, а неколку моменти подоцна се гледа како ја турнал покрај контејнерите и ја шутира со нозе.

Во следниот момент му приоѓа полицаец кој го одвлекува човекот.

Во коментариот на социјалните мрежи се споменува дека мажот со темен тен е мигрант, и се повикува да се намали трпеливоста кон насилството на мигрантите во Франција.