Свет
24. March 2019 - 18:26

Гол маж „прошета“ низ московскиот аеродром „Домодедово“

Гол маж се обидел да се качи на авион за лет од московскиот аеродром „Домодедово“ до административниот центар на Крим, Симферопољ, јави РТ.

Според телевизијата, мажот „како од мајка роден“ застанал на редот пред пунктот за безбедносна контрола, при што се прекрстил неколку пати, пред да биде приведен од страна на обезбедувањето.

Според очевидци на настанот, при преведувањето мажот изјавил дека „алиштата ја влошуваат аеродинамиката на телото“ и затоа е „полесно да се лета гол“.

Полицијата не го соопшти името на мажот, само информира дека станува збор за 38-годишен руски државјанин роден во Сибир, кој бил испратен ма проценка на неговата психичка состојба.