Фудбал
19. July 2017 - 17:44

Гол и асистенција на Ристовски во триумфот на Риека

 
 Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски имаше забележителен настап за Риека синоќа во победата над велшкиот ТНС со 5:1 со која хрватскиот првак го потврди пласманот во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
 
Ристовски беше асистент при третиот гол и го постигна четвртиот гол за риечани.
 
Пласман во третата рунда обезбеди и Вардар со победата над Малме, како и белградски Партизан кој го доби балканскиот двомеч со Будуќност од Подгорица.
 
Резултати на реваншите од 2.коло во квалификациите во ЛШ одиграни во текот на вчерашнито ден:
 
Астана – Спартакс 1:1 (вкупен резултат 2:1)
Алшкерт – БАТЕ Борисов 1:3 (2:4),
Вардар – Малме 3:1 (4:2),
Самтредија – Карабах 0:1 (0:6),
ТНС – Риека 1:5 (1:7),
Викингур – Хафнафјордур 0:2 (1:3) и 
Будуќност – Партизан 0:0 (0:2).
 
Пласман во 3.коло обезбедија: Вардар, Астана, БАТЕ Борисов, Катрабах, Риека, Хафнафјордур и Партизан.
 
Денес ќе бидат познати уште 10 учесници.