Тенис
18. March 2016 - 16:01

Гофин – Раониќ прв пар за полуфиналето во Индијан Велс

 
На АТП тенискиот турнир кој се игра во американскиот град Индијан Велс позната е првата полуфинална двојка во машка конкуренција. 
 
За место во финалето ќе се Борат Давид Гофин и Милош Раониќ (12) од Канада.
 
Гофин во два сета со 7:6 и 6:2 го победи Хрватот Марин Чилиќ, додека неговиот противник Раониќ место во полуфиналето, безбеди со победата над Французионот Гаел Монфис со 7:5 и 6:3.
 
Доколку се исполнат очекувањата во второто полуфинале би требало да играат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Тие важат за фаворити во четвртфиналните мечеви со Цонга и Нишикори.
 
Светскиот рекет број 1, Ѓоковиќ за противник во четвртфиналето го има Жо-Вилфред Цонга (7. Франција), додека Рафаел Надал (4. Шпанија) ќе игра против Кеи Нишикори (5. Јапонија).