Loading Video...
Спорт плус
14. December 2019 - 16:52

Гоџа за една стотинка побрза од Бриџоне

 
Италијанката, Софија Гоџа е победничка на Супер Џи трката што денеска се одржа во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц во рамките на Светскиот куп во Алпско скијање.
 
До својата прва победа сезонава, Гоџа стигна за само 1.стотинки побрзо од сонародничката Фредерика Бриџоне. 
 
Главната фаворитка, Микаела Шифрин заврши на третата позиција со 13.стотинки послабо време од победничката, па Американката по шести пат сезонава во осумте трки се најде на победничкиот пиедестал. 
 
 
Мажите денеска немаа среќа со времето, па поради лошите услови и силниот ветер и по неколку пролонгирања, стартот на слаломот во францускиот Вал Дизер е презакажан за утре.