Македонија
21. July 2016 - 8:43

Годишниот извештај на Судскиот совет пред Комисијата за политички систем

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците  и за прашања на изборите и именувањата.  

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година е на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, а Комисијата за избори и именувања  треба да ги утврди предлог одлуките  за избор на член на Советот на јавните обвинители и за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти.