Свет
27. December 2017 - 9:20

Годишна конвенција на хакери во Лајпциг

Илјадници хакери денеска ќе присуствуваат на годишен конгрес во источниот германски град Лајпциг, јави ДПА.

Конгресот ќе трае четири дена, а организатори се „Компјутерскиот клуб на хаосот“. На конгресот, под мотото „Да направиме нешто“, ќе се разговара за безбедноста на интернет, хакерските напади, заштитата на податоците како и за социјални и политички проблеми.

Се очекува на настанот да учествуваат околу 15.000 луѓе. Досега хакерите се собираа на годишни конгреси во Хамбург.